Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 117.493 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Baby belly.jpg

Бременост — развивање на еден или повеќе плодови во матката на жената, познати како фетус или ембрион (зародиш). Повеќеплодова бременост е можна како што е случајот со близнаци или тројка. Бременоста кај човекот е повеќе проучувана за разлика од бременоста кај цицачите. Гинекологија и акушерство е хируршка област што ја проучува и се грижи за високо ризичната бременост. Медицинските сестри (народно познати како бабици) се дел од нехируршката област која води сметка за бременоста и бремените жени.

Породувањето се случува околу 38. гестациска недела или приближно 40 недели од последниот нормален менструален период на жената. Медицински, за нормален датум за породување се смета доколку тој се паѓа во текот на 14 дена пред или по пресметаниот датум. Пресметувањето на овој датум ја вклучува претпоставката за редовен менструален период после секои 28 дена. Според тоа бременоста трaе речиси девет месеци. Во медицинската заедница, точната дефиниција на англискиот збор бременост е предмет на политичка контроверзност, не и на суштинска контроверзност.

Во повеќе медицински или правни дефиниции на општеството, човековата бременост прилично арбитрарно е поделена на три тримесечја, како начин за поедноставно посочување на различните периоди од преднаталниот развој. Во првото тримесечје најголем е ризикот од пометнување на плодот (природна смрт на ембрионот или фетусот). За време на второто тримесечје, развојот на фетусот може полесно да биде следен и дијагностициран. Честопати почетокот на третото тримесечје се приближува кон фазата на согледување на отпорноста односно способноста на фетусот да преживее надвор од матката, со или без медицинска помош. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Khost children in 2009.jpg
Деца во покраината Хост, Авганистан, 2009 г.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Споменик на Насредин Оџа во Енишехир, Турција
На денешен ден…

Денес е 21 октомври 2021 г.

Настани:

1805  В�� Битката кај Трафалгар британската флота предводена од адмиралот Хорацио Нелсон ја победила здружената Француска и Шпанска флота. Оваа победа претставувала почеток на светската доминација на британската морнарица во следните 130 години.
1824  Џозеф Аспдин, ѕидар од Лидс, Англија, го патентирал портландскиот цемент.
1941  Втора светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.
1967  Над 100.000 демонстранти протестирале против Виетнамската војна во Вашингтон, САД. 683 лица биле уапсени поради судири со полицијата.
1995  По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка.
1997  Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора.
2010  Усвоено новото знаме на Мјанмар (Бурма).

Родени:

1833  Алфред Нобел — шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец
1917  Дизи Гилеспи — американски џез-музичар.
1919  Димче Јанкомакедонски копаничар од Охрид.
1933  Франциско Генто — шпански фудбалер.
1942  Елвин Бишопамерикански блуз-музичар.
1942  Кристофер Симс — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
1945  Никита Михалков — руски филмски режисер и глумец.
1955  Френк Херш — американски џез-музичар
1956  Андро Кнего — хрватски и југословенски кошаркар.
1957  Џулиен Коуп — англиски рок-музичар.
1967  Пол Инс — англиски фудбалер.
1981  Немања Видиќ — српски фудбалер.
1987  Георги Братоев — бугарски одбојкар.
1987  Валентин Братоев — бугарски одбојкар.
1990  Рики Рубио — шпански кошаркар.
1995  Јулимар Рохас — венецуелска атлетичарка.

Починале:

1494  Џан Галеацо Сфорца — војвода од Милано.
1641  Хорацие Мажибрадиќ — хрватски поет.
1927  Бора Станковиќ — српски писател.
1931  Артур Шницлер — австриски писател.
1969  Џек Керуакамерикански писател, претставник на таканаречената „бит-генерација
1984  Франсоа Трифо — француски филмски режисер.
2003  Елиот Смитамерикански поп-рок музичар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич